Furkan Naci Top
10 Јануари 2017•Ажурирај: 11 Јануари 2017
АТИНА (АА) – На 23. јануари ќе биде донесена одлуката за екстрадиција на двајцата војници кои избегаа во Грција откако учествуваа во обидот за пуч на терористичката организација ФЕТО, јавува Anadolu Agency (AA).
Двајца од осумтемина војници пучисти кои се наоѓаат во Грција, Сулејман Озкајнакчи и Билал Куруѓул излегоа пред судијата на Врховниот суд на Грција (Ариос Пагос).
Покрај војниците и нивните адвокати, во судот присуствуаше и поранешниот министер за правда на Грција, Михалис Статопулос, како и една група експерти. Обвинителот побара војниците да не бидат екстрадирани, поради загриженоста за правично судење.
Судиите одлучија повторно да се сретнат на 23. јануари, кога треба да биде донесена одлуката. Судските рочишта за останатите војници ќе се одржат во текот на оваа седмица.
Неодамна, Апелациониот суд во Атина, на три различни рочишта го прифати барањето од Турција за екстрадиција на тројца од осумтемина пребегани војници по обидот за пуч, а пак за останатите петмина барањето беше одбиено.
Главниот обвинител на Апелација во Грција, Антонис Лиогас поднесе жалба до Врховниот суд, кој претходно до судот имаше поднесено жалба и за веќе одобрената екстрадиција за троцата војници.
Врховниот суд треба да ја донесе конечната одлука во врска со екстрадицијата на војниците-пучисти.