Ekipa
05 Јануари 2017•Ажурирај: 06 Јануари 2017
ПАРИЗ (АА) - Откако вчера беше задржан на аеродромот во Базел, поранешниот премиер на Косово, Рамуш Харадинај се соочува со можна екстрадиција во Србија поради обвинение за воени злосторства, пренесува Anadolu Agency (AA).
Се очекува Харадинај денес да се појави на суд во Колмар, источна Франција, каде што ќе се одлучи дали Харадинај ќе биде задржан во притвор за време на екстрадицискиот процес или ќе биде пуштен под судски надзор, потврди судската службеничка Мари-Хелен Калвано.
Таа истакна дека судот ќе одлучи дали екстрадицијата во Србија ќе биде одобрена, не прецизирајќи ја временската рамка.
Харадинај вчера беше приведен на аеродромот според налогот за апсење издаден од страна на Србија.
Потерницата по Харадинај е издадена поради обвинението дека сторил воено злосорство за време на војната во Косово, кога беше командант на Ослободувачката војска на Косово за регионот Дукаѓин.
Косовската влада ги нарече обвиненијата илегални, нефер и тенденциозни.
Харадинај е ослободен од обвинението за воени злостосртва пред Меѓународниот кривичен суд за поранешна Југославија.