Andelija Stojkovic
13 Ноември 2017•Ажурирај: 13 Ноември 2017
БЕЛГРАД (АА) - Српскиот претседател Александар Вучиќ го отповика амбасадорот на Србија во Турција, Данило Вучетиќ, јавува Anadolu Agency (АА).
Уредбата за отповикувањето е објавена во Службен весник на 7 ноември, а на сила стапи ден потоа.
Вучиќ во месец октомври го отповика и амбасадорот на Србија во Египет, Драган Бисениќ.
Според неодамнешните пишувања на белградските медиуми, ќе има промена на половина амбасадори на Србија, бидејќи на многумина им истекува мандатот или исполнуваат услови за пензија.