Almir Terzic
13 Ноември 2017•Ажурирај: 13 Ноември 2017
САРАЕВО (АА) - Со освоени 52,94 отсто од гласовите Борут Пахор осигура нов мандат во вториот круг претседателски избори кои денеска, на 12. ноември се одржаа во Словенија, јавува Anadolu Agency (AA).
Според податоците на Државната изборна комисија на Словенија, врз основа на преброени 99,98 отсто од гласачките ливчиња, противкандидатот Марјан Шарец освои 47,06 отсто од гласови.
Вкупниот број на лица со право на глас во Словенија изнесува 1.713.473, а гласаа 715.250, што претставува излезност од 41,71 отсто.
Инаку, ова се шести претседателски избори од прогласувањето на независноста 1991 година.
Функцијата претседател на Република Словенија е највисока политичка позиција во Република Словенија, кој ја претставува Словенија и командува со нејзините одбранбени сили.
Ова е втор претседателски мандат на Пахор, а досега функцијата претседател на Словенија ја извршуваа Милан Кучан (два мандата), Јанез Дрновшек и Данило Турк.