Ekipa
09 Март 2016•Ажурирај: 10 Март 2016
БРИСЕЛ (АА) - Словенечкиот министер, Миро Церар, изјави дека Словенија во целост ја затвори својата граница со Хрватска за мигрантите без валидни визи за Европската унија и веќе нема да прифаќа бегалци кои пристигнуваат организирано со воз, пренесува Anadolu Agency (AA).
Околу 478.000 бегалци поминале низ Словенија, главно со возови, од средината на октомври кога т.н балканската бегалска рута е проширена и на таа земја од правец на Унгарија.
Словенечката полиција, од друга страна, соопшти дека мигрантите не влегле на територијата на Словенија во изминатите чеири дена.Во меѓувреме, десетици илјади бегалци чекаат на грчката граница со Македонија.
Поради бегалскиот бран Унгарија прогласи вонредна состојба на подрачјето на целата земја. Оваа земја минатата година воведе вонредна состојба само на подрачјата кои беа најмногу погодени од бранот бегалци. Истовремено, распоредени се дополнителни полициски и воени патроли во пограничните делови.
Министерот за внатрешни работи, Сандор Пинтер, изјави дека ваквите мерки во моменталната ситуација се „неопхдни”.