Admir Fazlagic
09 Ноември 2017•Ажурирај: 09 Ноември 2017
СКОПЈЕ (АА) - Државниот секретар при Министерството за внатрешни работи на Република Македонија, Магдалена Несторовска, којашто воедно е и национален координатор за борба против трговијата со луѓе, денеска во МВР имаше средба со преговарачкиот тим на Владата на Република Косово за соработка во борбата против трговијата со луѓе предводен од Милан Радојевиќ, заменик министер за внатрешни работи и национален координатор за борба против трговија со луѓе, пренесува Anadolu Agency (AA).
„Целта на средбата беше иницијативата за меѓуинституционална соработка на двата ресори во областа на борбата против трговијата со луѓе чии што краен резултат се планира да биде склучувањето на Протокол за соработка меѓу двете министерства во оваа област", соопшти МВР.
Како што информираат од ресорното министерство, мотивите за иницијативата коишто произлегуваат токму од активностите на Националните комисии за борба против трговијата со луѓе, се во насока на квалитативно подобрување и унапредување на соработката и размената на информации меѓу надлежните служби, како и спроведување заеднички проекти и кампањи во областа на борбата против трговијата со луѓе.