Ömer Aydın
28 Ноември 2017•Ажурирај: 29 Ноември 2017
КРУА-МЕИС (AA) – Членовите на организацијата „Greenpeace“ (Гринпис), кои сакаа да укажат на безбедносните пропусти во нуклеарните централни, влегоа во централа во јужниот дел на Франција, јавува Anadolu Agency (AA).
Во 6.20 часот по локално време, 22 члена на „Greenpeace“ влегоа во нуклеарната централа „Круа“ во близина на градот Монтелимар.
Од „Greenpeace“ соопштија дека нивната цел било да се укаже на безбедносните пропусти во базените со гориво во нуклеарните централи.
„Ова подрачје не е доволно заштитено од можноста за напад однадвор“, предупредија од организацијата, додавајќи дека е лесно да се предизвика пожар.
Неколкумина активисти стигнаа до стражарите во централата и се приведени, а неколку стигнаа до базенот со гориво.
Од француската Агенција за нуклеарна безбедност (ASN) соопштено е дека безбедноста на централата не била загрозена и оти активистите не влегле во опасната зона.