Fatih Erel
28 Ноември 2017•Ажурирај: 28 Ноември 2017
ЖЕНЕВА (АА) - Во Женева денес започна осмиот круг од сириските мировни преговори под покровителство на ОН. На почетокот од преговорите пристигна делегацијата на обединетата сириска опозиција, а утре се очекува доаѓањето и на делегацијата на режимот на сирискиот претседател Башар ал Асад, јавува Anadolu Agency (AA).
Во Женева пристигна делегацијата на опозицијата, која ги претставува сите сириски групи што се борат против сирискиот режим.
Челникот на делегацијата на сириската опозиција, Наср ал Харири, денес во Женева се состана со специјалниот пратеник на ОН за Сирија, Стефан Де Мистура, а во попладневните часови Мистура би требало да се состане и со комплетната делегација на опозицијата.
Опозицијата бара на преговорите за политичката транзиција, новиот устав и за распишување на изборите да учествува и делегацијата на режимот на Асад.
Харири по доаѓањето во Женева порача дека опозицијата и понатаму бара промена на Асад од власта.
„Делегацијата на сириската Влада треба да дојде подготвена за преговори“, изјави Мистура за време на вчерашниот брифинг пред Советот за безбедност на ОН.