Emre Gürkan Abay
28 Ноември 2017•Ажурирај: 28 Ноември 2017
МОСКВА (АА) - Руското Министерство за одбрана соопшти дека руски пресретнувач во саботата, над Црното Море спречил американски извиднички авион во намерата да се приближи до руската граница, јавува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението на Министерството се наведува дека американскиот извидувач од тип „P-8A Poseidon“ во саботата бил забележан како брзо се приближува кон рускиот воздушен простор над Црното Море.
Од најблиската руска воздушна база полетал пресретнувач од типот „Su-30“, а американскиот извидувач потоа нагло го променил правецот на летот и се оддалечил од руската граница.
Сличен настан се случи и во јуни оваа година, кога руски авиони пресретнаа американски извиднички авион над Балистичкото Море.