?????
26 Јануари 2016•Ажурирај: 26 Јануари 2016
ПАРИЗ (АА) - Париската полиција со солзавец се обиде да ги растера таксистите кои сакаа да маршираат по главниот автопат протестирајќи поради лошите услови за работа и нетрадиционалната конкуренција како што е „Убер”, јавува Anadolu Agency (AA).
На стотиците француски таксисти им се придружија и неколку колеги од Шпанија и Белгија. Ја блокираа големата раскрсница која води кон западен Париз и на тој начин го блокираа сообраќајот на многуте околни патни правци.
Мал дел од демонстрантите се обидоа да маршираат од раскрсницата Порте Маилот кон обиколницата со осум ленти, но полицијата ги сопре со употреба на солзавец. Некои таксисти пред зорите запалија голем оган, кој со брза интервенција на пожарникарите беше изгаснат.
Традиционалните таксисти протестрираат против „Убер” кој го сметаат за нелојална конкуренција. И претходните протести на таксистите прераснаа во насилство и судир со полицијата.