Furkan Naci Top
08 Ноември 2017•Ажурирај: 09 Ноември 2017
АТИНА (АА) - Во грчкиот град Атина беше одржан протест на бегалците кои веќе со денови штрајкуваат со глад, барајќи да се спојат со семејствата кои се наоѓаат во некои други европски земји, јавува Anadolu Agency (AA).
Група од околу 100 лица, вклучувајќи и граѓани кои дојдоа за да ги поддржат бегалците, се организираа во протестна прошетка до германската амбасада во Атина.
Тие носеа транспаренти на коишто пишуваше: „Штрајкуваме со глад, спојте нѐ со семејствата“, и ги извикуваа слоганите: „Сакаме во Германија“, „Отворете ги границите“.
Бегалците веќе осум дена штрајкуваат со глад на плоштадот „Синтагма“, спроти зградата на Парламентот.
Во тој период никој од официјалните лица не ги посети. Мирниот протест траеше околу два часа, а бегалците продолжуваат да штрајкуваат со глад.