Hajer M'tırı
08 Ноември 2017•Ажурирај: 09 Ноември 2017
ПАРИЗ (АА) - Француското Национално собрание денес го укина имунитетот на Марин ле Пен, трасирајќи го патот за судско гонење на лидерката на екстремната десница, поради вознемирувачките твитови во врска со насилствата на ДЕАШ што таа ги објави во 2015 година, јавува Anadolu Agency (AA).
Европските пратеници направија сличен потег во март, во врска со истото прашање.
Во декември 2015 година, лидерката на француската екстремно десничарска партија Национален фронт, на социјалната мрежа „Twiter“ (Твитер) објави три вознемирувачки фотографии од егзекуции на ДЕАШ, вклучувајќи ја и фотографијата со обезглавеното тело на американскиот новинар Џејмс Фоли, со наслов: ДЕАШ е ОВА! По ваквата фотографија следуваше спор со новинар кој ја спореди нејзината партија со терористичката организација ДЕАШ.
Подоцна, францускиот обвинител отвори истрага и побара укинување на европскиот и на францускиот парламентарен имунитет на Ле Пен.
Во рамките на францускиот закон, оние што се осудени поради обвиненија за дистрибуирање на фотографии на кои е прикажано насилство можат да се соочат со пет години затвор и да добијат парична казна од 75.000 евра (79.000 долари).