Ivana Ramadanova
13 Април 2016•Ажурирај: 13 Април 2016
СКОПЈЕ (АА) - На својот профил на Твитер европратеникот Ричард Ховит објави дека присуствува на итна средба со европратениците кои беа вклучени во надминувањето на кризата во Македонија, јавува Anadolu Agency (AA).
Европратеникот Ричар Ховит на својот профил на социјалната мрежа Твитер објави фотографија на која се тој, неговите колеги европратеници Едуард Кукан и Иво Вајгл и еврокомесарот Хан под која наведе и дека ќе следува соопштение.