Bekim Laci
16 Април 2016•Ажурирај: 17 Април 2016
СКОПЈЕ (АА) - Еврокомесарот за проширување Јоханес Хан ги повика сите партии да се вратат на преговарачка маса и на патот кон евроинтеграциите порача Хан во своето обраќање во институтот "Брукингс" во Вашинтон, пренесува Anadolu Agency (AA).
Доколку партиите не работат заедно и не се фокусираат на фер избори, новата влада, како што рече Хан, нема да биде меѓународно прифатена и призааена.
"Јас сум навинстина разочаран од последните настани. Ние инвестиравме многу во договрот од јуни-јули минатата година за да се донесе земјата назад на евроатланскиот пат. Многу од роковите не беа испочитувани кога требаше, но конечно тоа беше направено. И затоа фактот дека сега изборите на 5 јуни се под тешка ситуација, искрено не знам како ќе изгледа по изборите. Мислам дека можам само да ги повикам сите партии, исто и цивилното општество, но особено политичките партии, да се вратат на преговарачка маса и да останат посветени на евроатланската перспектива на земјата, нагласи еврокомесарот", изјави Хан, кој рече дека со членовите на Европскиот парламент и тој ќе направат уште еден напор со цел партиите да направат компромис, бидејќи како што рече "демократијата значи да се постигне договор и компромис, а не да се има став на победник и губитник".
" Не можам да ветам ништо, но се надевам дека постепено луѓето во регионот и во некои други делови ќе разберат дека демократијата значи да се постигне договор и компромис, а не да се има став на победник и губитник. Во спротивно, никогаш нема да бидете успешни. Луѓето во регионот заслужуваат подобра иднина, а тоа е единствено можно ако се има јасна европска перспектива.Ова вклучува европско или демократско сфаќање на владеењето на правото. Ова мислам веќе е одговор на опсежното помилување на луѓе од страна на претседателот на државата" потенцираше Хан.
Во однос на соседската политика и преговорите за проширување, Хан повтори дека ЕУ сака да ги продлабочи односите со соседите, да промовира стабилност и да поддржува демократски и економски реформи. Проширувањето останува цврсто на агендата, но е условено со реформите.