Fikriye Susam Uyar
25 Април 2016•Ажурирај: 26 Април 2016
ИСТАНБУЛ (АА) - Министерот за Европска унија на Турција и главен преговарач, Волкан Бозкир, се сретна со еврокомесарот Јоханес Хан, одговорен на Комисијата на ЕУ за проширување и добрососедска политика, јавува Anadolu Agency (AA).
Министерот Бозкир и еврокомесарот Хан се сретнаа на заеднички доручек во хотелот Хилтон - Босфор.
На средбата која се одржа зад затворени врати се зборувало за агендата околу Самитот Турција - ЕУ.
Во тие рамки станало збор за отворање на нови поглавја поврзани со напредокот околу либерализацијата на визниот режим, заедничкото делување во борбата со имиграциите и тероризмот.
По средбата, министерот Бозкир и еврокомесарот Хан се приклучиле на Бизнис Самитот Турција - ЕУ.