Selçuk Acar
25 Април 2016•Ажурирај: 26 Април 2016
ЊУЈОРК (АА) - Тед Круз и Џон Кејсик договорија взаемна борба во предизборната трка за американски претседателски кандидат од редот на Републиканската партија, со цел да го сопрат опонентот Доналд Трамп кој во моментот има предност во однос на нив, јавува Anadolu Agency (AA).
Изборните штабови на Круз и Кејсик постигнаа договор со координирањето на кампањата да го спречат Трамп да стигне до кандидатурата за претседателски избори кои ќе бидат одржани во САД, во ноември оваа година.
Џон и Кејсик најавија дека остатокот од кампањата ќе го поминат во вземна политичка борба против Трамп кој со својата кампања и антимигрантска и антимуслиманска реторика предизивика големо внимание и критики од страна на американската и светската јавност.
Круз и Кејсик во продолжението на кампањата нема да се борат меѓусебно, туку веќе постигнаа договор да ги поделат гласовите на тој начин Круз да се обиде да ги освои гласовите во сојузната држава Индијана, а Кејсик да ги освои гласовите во Мескико и Орегон.
Внатрепартиските избори за републикански претседателски кандидат во Индијана ќе бидат одржани на 3-ти мај, во Мексико на 17-ти мај, а во Орегон на 7-ми јуни.
Трамп во досегашната трка собра вкупно 845 делегатски гласови, додека Круз има 559 а Кејсик 148 гласови. За номинација на републикански претседателски кандидат е потребно да се соберат вкупно 1.237 делегатски гласови.