Kristina Maslareviç,Alma Çekovic
25 Април 2016•Ажурирај: 25 Април 2016
БЕЛГРАД (AA) – Според резултатите на Републичката изборна комисија на основа на 27,25 отсто обработени гласа, на изборите во Србија излегле 57,6 отсто запишани гласачи, а највеќе гласа на вонредните парламентарни избори освои листата „Александар Вучиќ- Србија победува" и тоа 49,3 отсто гласови, јавува Anadolu Agency (AA).
Новиот состав на Собранието на Србија освен коалицијата на СНС, ќе ја сочинува и коалицијата на СПС-ЈС со освоени 12,1 отсто гласови, потоа Српската радикална странка со 7,9 ото како и коалицијата на Демократска страна со освоени 6,1 отсто гласа.
Останатите 16 листи се наоѓаат под цензусот, односно под потребните пет отсто, а најблиску до цензусот е коалицијата ДСС-Двери со 4,91 отсто, потоа листата Борис Тадиќ, Чедомир Јовановиќ и Ненад Чанак со 4,97 отсто како и движењето „Доста беше Саша Радуловиќ“ со 4,94 отсто.
Бројот на неважечки гласачки ливчиња изнесува 2,86 отсто.
„Републичката изборна комисија (РИК), за разлика од разни агенции кои се бават со истражување на јавното мнение не објавува резултати на основа на статистички примерок. Таа ги обработува записниците кои ги внесува како што пристигнуват и според некоја досегашна пракса ние првите резултати ги даваме кога ќе дојдеме до блиску 30 отсто од обработеното гласачко тело“, рече претседателот на РИК Дејан Ѓурѓевиќ објаснувајќи го доцнењето на првите прелиминарни резултати на Републичката изборна комисија.