Besar Ademi
13 Јуни 2016•Ажурирај: 14 Јуни 2016
ОХРИД (АА) - Градот Охрид со 56-то издание на „Охридско лето” и оваа година ќе биде вистинска метропола на културата со својата четириесетдневна програма во која се предвидени настапи на уметници и ексклузивци, почнувајќи од 12-ти јули, јавува Anadolu Agency (AA).
На барање на публиката, со цел подобра приказна од минатата година, повторно во Охрид ќе настапи израелскиот виолинист Максим Венгеров, но овој пат заедно со ансамблот "Менухин Академија Солист", додека музичкиот дел на овој фестивал ќе се затвори со виолинистот од Белгија, Вадим Репин. Публиката во Охрид оваа година за прв пат ќе има можност да го слушне еден од најдобрите пијанисти во светот во моментов, турскиот пијанист и композитор Фазил Сај.
Важен дел од програмата ќе биде изведбата на албанското дуо, виолинистката Арета Зула и пијанистката Мерита Реџа Терсхана. Терсхана е една од најактивните уметници во Албанија, додека Зула ја започна својата кариера во Албанија, а подоцна се појави на музичките сцени низ земјите од Европа, Америка, Канада и Азија.
Директорот на „Охридско лето”, Оливер Арсовски, во својот говор истакна дека се подготвени да ги пречекаат уметниците и гостите од странство, и да бидат добри домаќини на сите уметници и љубители на уметноста од Македонија.
„Гордост е да се зборува за квалитетот и светски познатите имиња во збогатената програма кое не очекува во следните 40 дена, што традиционално се одржува од 12-ти јули до 20-ти август. Сцената на Охридското лето и оваа година ќе блесне од уметници и познати театри од светот. Охрид ќе биде светски центар на уметнички достигнувања”, истакна Арсовски.
Министерката за култура на Македонија, Елизабета Канческа-Милевска, која беше присутна на презентацијата на програмата, рече дека програмата на „Охридско лето” е национален бренд признат во целиот свет која силно ја потврдува посветеноста на земјата кон презентирање најдобрата музика и драма во светот на македонската јавност.
Во програмата за оваа година ќе има околу 50 музички настани, голем број театарски претстави, изложби и филмови кои ќе ги изведат 800 познати уметници и писатели од целиот свет.