Nilay Kar
17 Април 2018•Ажурирај: 18 Април 2018
ИСТАНБУЛ (АА) - Истанбулскиот суд денес изрече доживотни затворски казни за 12 поранешни војници вклучувајќи и генерали поради нивната вмешаност во неуспешниот обид за пуч во 2016 година, вели судски извор, јавува Anadolu Agency (AA).
14. Висок кривичен суд го товари поранешниот воен персонал за прекршување на уставот, вели изворот, кој зборуваше под услов да остане анонимен.
Терористичката организација ФЕТО и нејзиниот водач Фетула Ѓулен, кој се наоѓа во Пенсилванија, се одговорни за неуспешниот обид за државен удар кој се случи на 15 јули, 2016 година, во кој загинаа 250 лица а речиси 2.200 беа повредени.
ФЕТО исто така се наоѓа зад долготрајната кампања за соборување на државниот поредок преку инфилтрирање на свои поданици во турските институции, особено во војската, полицијата и судството.