İlkay Güder
17 Април 2018•Ажурирај: 17 Април 2018
АНКАРА (АА) - Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган со иранскиот колега Хасан Рохани телефонски разговараше за Сирија, јавува Anadolu Agency (AA).
Од Кабинетот на турскиот претседател е соопштено дека освен за последните случувања во Сирија, разговарано е и за билатералните односи.
Ердоган во таа пригода изјави дека ставот на Турција е јасен кога станува збор за употребата на хемиското оружје, и дека е важно да не се дава простор за подигнување тензии.
Двајцата лидери укажаа на важноста на продолжувањето на заедничките напори на Турција, Иран и Русија во рамкита на процесот од Астана, за да се пронајде трајно политичко решение во Сирија и да се заштити територијалната целост на оваа земја.
Претседателите на Турција и Иран се задоволни од јакнењето на економските односи меѓу двете земји.