Murat Karadağ
15 Април 2017•Ажурирај: 16 Април 2017
ИСТАНБУЛ (АА) - Во поплавите со северозападен Иран 22 лица го загубија својот живот, при што е причинета и голема материјална штета, јавува Anadolu Agency (AA).
Излевањето на водата од коритото на реката започнало во покраината Источен Азербејџан, по што поплавите зафатиле и четири други покраини на северозападниот дел на земјата.
Според иранската новинска агенција Хабер Онлајн, поплавите ги зафатиле покраините Источен и Западен Азербејџан, Курдистан и Зенџан. До сега 22 лица го загубија својот живот а 30 лица се водат како исчезнати.
Обилните врнежи започнаа вчера утрината. Најмногу се погодени подрачјата на Источен и Западен Азербејџан каде загинаа 17 лица.
Иранските екипи пратија екипи на цивилна заштита во погоденото подрачје. Министерството за внатрешни работи препорача граѓаните да стојат подалеку од речните корита.