Murat Ünlü
15 Април 2017•Ажурирај: 16 Април 2017
ПАРИЗ (АА) - Генералниот штрајк и блокада на многу места и патишта во Фарнцуска Гвајана ќе бидат прекинати во текот на викендот поради Велигден, јавува Anadolu Agency (AA).
Организацискиот комитет за штрајк соопшти дека блокадите за време на викендот ќе бида отстранети за граѓаните непречено да можат да патуваат по повод прославата на Велигден. Исто така соопштено е дека штрајкот ќе се продолжи.
Немирите во Француска Гвајана избија поради недоволна поддршка од Франција. Синдикатите стапија во општ штрајк пред три недели и ги блокираа главните објекти и патишта во земјата.
Францускиот претседател, Франсоа Оланд упати писмо до гвајанските власти во кои бара да се преземат сите потребни мерки за спречување на штрајкот и стабилизација на економската состојба.
„Подготвен сум да се сретнам со парламентарците на Гвајана во Париз, кога и да посакаат тие, и да разговараме за иднината на таа земја”, изјави Оланд.
Француска Гвајана, земја со 250 илјади жители, е оддалечена околу седум илјада километри од копното. Земјата веќе подолго време е погодена со невработеност и криминал. Демонстрантите бараат поголема финансиска помош од Франција и посебен статус.
На референдумот во 2010 година барањето за прогласување на автономија е отфрлено. Локалната власт од Франција побара помош во износ од 2,5 милијарди евра, но доби само милијарда евра.