Adham Kako,Levent Tok
15 Април 2017•Ажурирај: 16 Април 2017
ИДЛИБ/АНКАРА (АА) - Повеќе лица загинаа и повеќе се ранети во напад врз конвој кој евакуирал цивили и војници од четири окупирани региони во Сирија, јавува Anadolu Agency (AA).
Според иформациите до кои дојде АА, конвојот кој од регионот Мадаја и Зебадани, западно од Дамаск, превезувал 2.350 цивили, стигнал доцна синоќа до квартот Рамусе во западен Алепо, кој е под контрола на режимот на Асад.
Се работи за конвој од околу 60 автобуси, кој на контролната точка во Рамусе чека од 01:00 часот по полноќ.
Истовремено, од регионот Фуа и Кфреја кои се под контрола на режимските сили во Идлиб, утринава стинале околу пет илјади цивили во деловите на западен Алепо, поточно во квартот Рашидин.
Додека конвојот чекал на контролната точка на опозициските сили во Рашидин, дошло до бомбашки напад, а во таа прилика загинале и ранети се повеќе лица. Сеуште не е познат точниот број на жртви од овој напад.
Како причина за чекање на конвојот во Рамусе и Рашидин се наведува дека режимот на Асад вршел притисок од Фуа и Кефреја да се евакуираат што поголем број на лица.
Откако опозицијата забележала дека од Фуа и Кефреја излегле 1.300 воени елементи, а договорот бил да излезат само 600, го запреле конвојот во Рашидин.
Додека преговорите помеѓу режимот и опозицијата траеле, снајперите на режимот на Асад пукале врз конвојот кој чекал во Рамусе и убил едно лице.
Градот Мадаја е под опсада на силите на режимот на Башар ал Асад и либаскиот Хезболах од јули 2015 годин, а повеќе десетици лица во декември 2015 година, според податоците на меѓународната организација Лекари без граници, во тој град под опсада починале од глад. Мадаја и Зебадани се сместени во југозападниот дел на Сирија.