Alma Çekovic
25 Април 2016•Ажурирај: 25 Април 2016
БЕЛГРАД (AA) - Премиерот на Србија и лидерот на Српската напредна странка (СНС) Александар Вучиќ прогласи победа на денешните вонредни парламентарни избори, изјавувајќи дека неговата партија достигна историски резултат кој тешко некој некогаш ќе може да го повтори" , јавува Anadolu Agency (AA).
Премиерот на Србија во име на СНС ги соопшти резултатите соопшти дека направиле "многу повеќе работа од многу агенции, па и од самата РИК. "
"Имаме комплетни резултати. Коалицијата на Србија победува има 50,9 отсто, СПС 11,23 отсто, СРС 7,39, ДС 5,44, а три листи беа под цензусот. За СДС е можно да го помине цензусот има 4,71 отсто. "Доста је" беше на 4,53 а ДСС-Двери 4,45 ", рече Вучиќ во обраќањето на новинарите во штабот на СНС.
Вучиќ им се заблагодари на сите луѓе кои не припаѓаат на СНС, а ги подржааа и им се заблагодари на сите граѓани на огромната поддршка и доверба.
Лидерот на СНС рече дека Србија ќе го продолжи својот еконосми пат, дека ќе се обиде и да го забрза, но и дека "љубоморно ќе го чува", своето пријателство со Руската Федерација, НР Кина и многу други држави, вклучувајќи ги и САД
На прашањето дали и кого ќе го повика во коалиција, Вучиќ одговори "за тоа- потоа" , најавувајќи дека ќе има промени во составот на владата и нови лица меѓу министрите.
Премиерот на Србија рече дека очекува надлежните органи да ги истражат сите наводи околу фалсификување на потписи и дека одговорните мора да одговараат пред лицето на правдата. Одговарајќи на прашањето кои се првите мерки на владата, Вучиќ рече дека веќе зборувал за стратешкиот пат на земјата и тактичките потези. Најави дека ќе биде завршена реформата на јавната администррација и дека ќе бидат реконструирани јавните претпријатија "за да Србија уште посилно се развива од другите земји".
Сепак, според осмиот пресек на резултатите на вонредните парламентарни избори кои ги објави ЦЕСИД, листата која ја предводи Вучиќ нема мнозинска поддршка, нивните до неодамнешни коалциски партнери од СПС и ЈС 11,5 отсто, коалицијата на партиите околу Демократската странка 5,9 а надвор од парламетот ќе остане коалицијата ЛДП, СДС, и ЛСВ со 4,9. Во Собранието ќе влезат СРС со 7,8 отсо и ДСС-Двери со 5,1 отсто гласa.