Ivana Ramadanova
15 Февруари 2016•Ажурирај: 16 Февруари 2016
СКОПЈЕ АА - Во импровизиран стан од 40 метри квадратни, педесет активисти одржаа перформанс за тоа како изгледа кога 50 луѓе се сместени во стан од 40 квадрати. Според активистите на невладините организации, ваквиот перформанс е резултат на организираното гласање на гласачите од Пустец од последните избори, јавува Anadolu Agency (AA).
„,Македонија вселува 50 луѓе во 40 метри квадратни' е проeкт на властите во државата со кој се вршела интервенција во избирачкиот список и за чие извршување противзаконски се здружувале министри, судии, вработени во државната администарција и други јавни функционери. Овој проект е поигрување со здравиот разум на сите граѓани од Македонија но и газење врз чувствата и достоинството врз Македонците од Пустец”, вели активистката Ирена Стеријовска.
Оттаму велат дека вакви „спектакуларни“ вселувања биле забележани на повеќе места, па има случаеви каде 150 „човечиња” се вселуваа во 80 м2, 100 „човечиња” вселени во 60 м2, додавајќи дека освен што ги вселувале, властите ги принудувале „човечињата” послушно да гласаат на избори секаде каде што ќе се појавела потреба за тоа.
„Оваа слика е причина повеќе да не се дозволи да се организираат избори пред да се заврши темелна проверка и прочистување на избирачкиот список и пред сè да се направат други реформи кои ќе обезбедат фер и слободни избори”, изјави активистот Драган Додевски.
Учесниците на перформанстот му порачаа на Специјалното јавно обвинителство да продолжи со својата работа но упатија и апел до надлежните судови да се воздржат од политички одлуки и непристрасно да постапуваат по пријавите на СЈО.