Ekipa
10 Февруари 2016•Ажурирај: 11 Февруари 2016
МАНЧЕСТЕР (АА) - Демократот Берни Сандерс и републиканецот Доналд Трамп победија на партиските предизбори во американската сојузна држава Њу Хемпшир на кои се бираат партиските кандидати за американските претседателски избори, пренесува Anadolu Agency (AA).
Трамп освои 35 отсто од републиканските гласови, додека второпласираниот Џон Касич освои 16 отсто.
Поранешниот гувернер на Флорида Џеб Буш е трет со 12 отсто, додека Тед Круз освои 11 отсто.
Останатите американски сојузни држави ќе гласаат подоцна во вториот предизборен процес кој ќе трае до летово, а потоа своите делегати ќе ги испрати на завршни национални партиски конвенции во јули, на кои конечно ќе се одредат демократските и републиканските кандидати за претседателските избори кои ќе се одржат на 8-ми ноември оваа година.