Kaamil Ahmed
10 Февруари 2016•Ажурирај: 11 Февруари 2016
ЕРУСАЛИМ (АА) - Израелските власти вчера спречиле влез на делегацијата на Европскиот парламент (ЕП) во појасот Газа, изјави ирската пратеничка Мартина Андерсон, пренесува Anadolu Agency (AA).
Како што рече Андерсон, на делегацијата ѝ е ускратена посетата на Газа без образложение, а целта на истата е да се процени штетата направена во израелската воена операција во 2014 година како и напредокот во спроведување на проектите финансирани од страна на ЕУ.
„Систематското одбивање на влезот на делегациите на ЕП во Газа е неприфатливо. Со ова се поставува прашањето: што сака да сокрие израелската влада? Не треба да се откажеме од народот на Газа”, рече ирската пратеничка на Европскиот парламент во својство на шеф на споменатата седумчлена делегација.
Андерсон потсети дека на Европскиот парламент не му е дозволен пристап во Газа од 2011 година.
Според податоците на Обединетите нации во воената операција „Заштитна линија” во Газа, летото 2014 година, убиени се 2.200 Палестинци, од кои 1.490 цивили а од нив над 500 деца. На израелска страна загинаа 66 војници и шест цивили. Најмалку 18.000 станбени единици беа уништени или значително оштетени.