Mehmet Nuri Uçar
27 Март 2017•Ажурирај: 28 Март 2017
ГАЗА (АА) – Во Појасот Газа се одржаа демонстрации за поддршка на Палестинците кои се притворени во израелските затвори, јавува Anadolu Agency (AA).
Демонстрантите кои се собраа пред зградата на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, носејќи транспаренти и фотографии од притворените, бараа колку што е можно поскоро да бидат ослободени Палестинците притворени во израелските затвори.
„Со голема тага се собравме тука за да им дадеме поддршка на нашите деца кои се жртви, изложени на нечовечки постапки“, истакна за АА Рамазан ел-Баб, татко на притворениот Палестинец Шади ел-Баб.
Ел-Баб апелираше до меѓународната заедница да преземе мерки против прекршувањата на Изаел, и истакна: „Сакаме решение за нашите деца, кои во затворите се малтретирани, и кои имаат недостиг од лекови, храна и облека“.
Според податоците на Министерството за палестински затвореници, околу 7.000 Палестинци се наоѓаат во израелските затвори.