свет

Израелската армија приведе 15 Палестинци на Западниот Брег

„Приведените лица се задржани во притвор за понатамошна истрага“, соопштува Армијата

Ekipa  | 26.09.2018 - Обновена : 26.09.2018
Израелската армија приведе 15 Палестинци на Западниот Брег

Erusalim

ЕРУСАЛИМ (АА) - Петнаесет Палестинци се приведени од нивните домови во синоќешните рации на Западниот Брег од страна на Израелската армија, пренесува Anadolu Agency (AA).

Како што соопшти Израелската армија, Палестинците биле приведени поради сомневање дека учествувале во популарни терористички активности.

Во соопштението не е објаснето за какви терористички активности станува збор.

„Приведените лица се задржани во притвор за понатамошна истрага“, соопштува Армијата.

Израелските сили често ги напаѓаат палестинските домови на Западниот Брег и Источен Ерусалим (Кудс) и приведуваат Палестинци под различни обвинувања.

Во израелските затвори, во моментов има 6.500 Палестинци, вклучувајќи и 300 деца.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.