Muhammed Macid,Zeynep Tüfekçi
26 Септември 2018•Ажурирај: 26 Септември 2018
ГАЗА (АА) - При интервенцијата на израелските војници врз Палестинците собрани на мирните протести „Голем марш за враќање“, во пограничниот дел на Појасот Газа, се ранети двајца Палестинци, јавува Anadolu Agency (AA).
Портпаролот на Министерството за здравство, Ешреф ел Кудра, изјави дека израелските војници пукале на Палестинците кои биле собрани на мирните протести во подрачјето на бегалскиот камп „Џибалија“.
Кудра потврди дека на Палестинците на местото на настанот им е пружена прва помош, по што се хоспитализирани. Едно лице се наоѓа во тешка здравствена состојба.
Палестинците од 30 март на границата на Појасот Газа и Израел организираат мирни демонстрации под името „Голем марш за враќање“.
Израелските војници користат муниција против цивилите што бараат враќање на територијата од која се протерани и укинување на блокадата воведена во 2006 година во Газа. Во интервенцијата на израелските војници за време на демонстрациите од 30 март се убиени повеќе од 180 Палестинци.