свет

Ердоган: „Турското правосудство ќе одлучи за судбината на Брансон, а не политичарите“

Ердоган во Њујорк одговараше на прашањата на новинарите на „Ројтерс“, при што изјави дека Турција ќе продолжи да купува природен гас од Иран, и покрај тоа што оваа земја е под санкции на САД

Gamze Türkoğlu Oğuz  | 26.09.2018 - Обновена : 26.09.2018
Ердоган: „Турското правосудство ќе одлучи за судбината на Брансон, а не политичарите“

Ankara

ЊУЈОРК (АА) - Претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган, во Њујорк изјави дека политичарите не се тие што ќе одлучат за судбината на американскиот свештеник Ендру Брансон, кој е уапсен во Турција, туку дека тоа ќе го стори турското правосудство, пренесува Anadolu Agency (AA).

Ердоган, кој престојува во Њујорк на 73. Заседание на Генералното собрание на ОН, одговараше на прашањата на новинарите на „Ројтерс“ (Reuters), и во таа прилика изјави дека неговата земја ќе продолжи да купува природен гас од Иран, и покрај фактот што оваа земја е под санкции на Соединетите Американски Држави (САД).

На прашањето во врска со ситуацијата во Сирија, Ердоган констатираше дека со режимот на сирискиот претседател Башар ал Асад не е возможно продолжување на вложувањето напори за мир. Како што изјави тој, веќе започнало излегувањето на радикалните групи од новата демилитаризирана зона во Идлиб.

Во врска со случајот на американскиот свештеник Ендру Брансон на кого му се суди во Турција, Ердоган нагласи дека за „судбината на Брансон нема да одлучуваат политичарите, туку правосудството на Република Турција“.

Ердоган потсети дека Брансон е уапсен, а потоа му е одреден притвор поради обвиненијата за поврзаност со терористичките организации во Турција. Како што изјави, потребно е да се почека рочиштето закажано за 12 октомври и да се види каква одлука ќе донесе судот. Таа одлука, нагласи Ердоган, не ја донесуваат политичарите.

Тој истакна дека нема овластувања за помилување, и додаде: „Нашето правосудство е независно. Ќе почекаме и ќе видиме каква одлука ќе донесе судот“.

Истакна дека случајот против Брансон нема никаква поврзаност со турската економија, и дека актуелните економски проблеми во неговата земја не се процес кој треба многу да се преувеличува. Како што истакна, Турција самата многу брзо ќе го надмине овој период.

Ендру Крег Брансон е уапсен на 9 декември 2016 година и оттогаш се наоѓа во притвор. Обвинет е за активности и шпионажа во корист на терористичките организации ПКК и ФЕТО. На барање на Oбвинителството, судот во Измир за време на судската постапка на 18 јули му изрече мерка притвор на американскиот свештеник, но поради неговите здравствени проблеми таа мерка е преиначена во домашен притвор.

Во обвинението се наведува дека контактирал со членови на терористичката организација ФЕТО.

Во врска со одлуката на Централната банка на Турција која ја зголеми основната каматна стапка од 17,75 на 24 отсто, Ердоган истакна дека тоа е многу јасен показател за независноста на Централната банка. Ердоган додаде дека самиот искажувал противење на зголемувањето на каматната стапка.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın