Faruk Zorlu
26 Септември 2018•Ажурирај: 26 Септември 2018
ЊУЈОРК (АА) - Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, во Њујорк се состана со хрватската претседателка Колинда Грабар-Китаровиќ, јавува Anadolu Agency (AA).
Во Њујорк се одржува 73. Заседание на Генералното собрание на ОН, што воедно е и можност за голем број билатерални средби на светските лидери во рамките на тој главен настан.
Турскиот претседател, Ердоган, синоќа се состана со грчкиот премиер, Алексис Ципрас, а потоа и со хрватската претседателка, Грабар-Китаровиќ.
Ердоган, исто така, одржа одвоени состаноци и со словенечкиот претседател, Борут Пахор, со претседателот на Франција, Емануел Макрон, и со премиерката на Велика Британија, Тереза Меј.
Состаноците се одржани без присуство на медиумските претставници, а беа исклучителна можност за размена на мислења за низа билатерални и регионални прашања.
Ердоган по завршувањето на официјалната посета од седиштето на ОН ќе отпатува во официјална посета на Германија.