Zehra Ulucak
26 Септември 2018•Ажурирај: 27 Септември 2018
ЛИМА (АА) - Во Перу се случи сообраќајна несреќа меѓу автобус и автомобил. Автобусот откако удрил во автомобилот, излетал од патот и паднал во река. Во несреќата животот го загубија 21 лице, пренесува Anadolu Agency (AA).
Портпаролот на полицијата, Марко Ланос, соопшти дека автобусoт во планисниот дел на Андите удрил во автомобил што доаѓал од спротивната насока и паднал во река.
Порпаролот Ланос информираше дека од лицата што се наоѓале во автобусот, животот го загубиле 21 лице, додека 15 се повредени.
Во тек е операција за пронаоѓање на лицата што ги однела реката.