Ekipa
15 Јуни 2016•Ажурирај: 15 Јуни 2016
ГАУХАТИ (АА) - Најмалку 25 лица загинаа, а десет се повредени во сообраќајна несреќа на североисточниот дел на Индија, кога автобусот слетал од планинскиот пат во клисура, соопшти индиската полиција, пренесува Anadolu Agency (AA).
Официјално лице на полицијата Раив Мета соопшти дека во ноќта помеѓу вторник и среда, кога се случила несреќата, паднал силен дожд.
Локалното население на преградието Сонапут во Мегалаја и полицијата на местото на несреќата за време на ноќта се обиделе да ги извлечат повредените од остатоците на автомобилот.
Податоците на Светската здравствена организација покажуваат дека Индија има најголема стапка на смртност во сообраќајните несреќи. Во таа земја повеќе од 140.000 лица годишно загинуваат во сообраќајни несреќи предизвикани од брзо возење, како и лошо одржување на возилата и патиштата.