Sümeyye Dilara Dinçer
28 Октомври 2021•Ажурирај: 28 Октомври 2021
ЊУ ДЕЛХИ
Индија соопшти дека тестирала интерконтинентална балистичка ракета со нуклеарен капацитет и дострел од 5.000 километри, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението на индиската Влада се наведува дека тестирањето на ракетата „Агни-5“, која е лансирана од остров на источниот брег на земјата и има дострел од 5.000 километри, било успешно.
Се наведува дека балистичката ракета „Агни-5“ може да ја погоди цела Кина.
- Кинеско-индискиот граничен спор
Неизвесната гранична линија меѓу Кина и Индија, опкружена со Хималаите, предизвикува спорови за суверенитет меѓу земјите.
Границата долга 3.500 километри, која вклучува потоци, езера, глечери и снежни врвови, често доведува да настане спор меѓу страните.
Администрацијата на Пекинг тврди дека има 90.000 квадратни километри земја во државата Аруначал Прадеш во Индија, која ја нарекува „Јужен Тибет“.
Од друга страна, Њу Делхи тврди дека 38.000 квадратни километри од кинеската висорамнина Аксаи е окупирана од администрацијата на Пекинг.
И покрај преговорите кои траат долги години, страните сѐ уште не ги решија споровите за суверенитет.