Durmuş Genç
13 Септември 2021•Ажурирај: 13 Септември 2021
МУГЛА (АА) - Во судир на автобус со туристи од Украина и школски минибус во близина на Мугла, на турското приморје, загина едно, додека 55 лица се повредени, јавува Агенција Анадолија (АА).
Според добиените информации, автобусот преминал на спротивната страна на патот и удрил во минибус што доаѓал од спротивниот правец.
По судирот автобусот се превртел и излетал од патот, а возачот Азиз Чаглар загинал на местото на несреќата.
Вкупно се повредени 55 патници од двете возила.
На 16 од повредените им е пружена медицинска помош на местото на настанот, додека останатите повредени се пренесени во различни болници во Мугла и во Денизли.
Тројца од повредените се во животна опасност.