Zehra Ulucak
05 Мај 2016•Ажурирај: 06 Мај 2016
АНКАРА (АА) - Перуанската полиција собори авион кој се користел за шверц на дрога, пренесуа Anadolu Agency (AA).
Според локалните медиуми, официјални лица потврдија дека во долината Пичис Палказу е срушен авион кој криумчарел дрога, а на местото каде што паднал авионот се пронајдени 70 килограми кокаин.
Полицијата го уапси 58-годишниот пилот, државјанин на Боливија, кој беше повреден во авионската несреќа. Еден од трговците со дрога, за кој што се тврди дека е државјанин на Колумбија успеал да избега.
Во видеото, кое го објавија безбедносните сили на Перу може да се види дека по соборувањето на авионот има судир меѓу полицијата и криминалците, како и авионот во пламен.
Се претпоставува и дека шверцерите успеале да скријат 200 килограми кокаин.
Конгресот во Перу минатата година усвои закон со кој им се овозможува соборување на мали авиони за кои постои сомнение за шверц на дрога.