Ruslan Rehimov
05 Мај 2016•Ажурирај: 05 Мај 2016
БАКУ (АА) – Министерството за Одбрана на Азербејџан ја објави регрутацијата на нови доброволни војници. Во соопштението за јавноста се истакнува зголемениот број на апликации од граѓани кои сакаат да ѝ служат на армијата, и се наведуваат потребните документи за пријавување заедно со потребните услови кои треба да ги исполнуваат кандидатите, јавува Anadolu Agency (AA).
По извршувањето на воениот рок, оние кои ќе сакаат доброволно да останат во служба на армијата, ќе можат да аплицираат во некоја од единиците на воената команда или пак во Центарот за обука на вооружени сили, се наведува во соопштението.
Кандидатите кои треба да бидат на возраст од 19-40 години, по поминување на здравствените контроли, ќе бидат подложени на приемен испит. Успешно поминатите, ќе преминат на подготвителен курс, а по негово завршување истите ќе отпочнат со служба во армијата.
Се потврдува и можноста за доброволно аплицирање и на жени.
Голем број граѓани на Азербејџан се одлучуваат за доброволно пријавување во војска, по воените судири во Карабах минатиот месец, изведени од страна на воените сили на Азербејџан и Ерменија.