Ruslan Rehimov
20 Јануари 2016•Ажурирај: 21 Јануари 2016
БАКУ (АА) - Втората половина на јануари е време кога жителите на Азербејџан се присетуваат на масакрот на 20 јануари 1990 година, познат како "Крвав јануари" за време на интервенцијата на војската на Советскиот сојуз со цел гушење на протестите, јавува Anadolu Agency (AA).
Тој ден стотици илјади Азербејџанци се собраа на Плоштадот Азадалик во Баку за да протестираат против советските, проруски власти. Во интервенцијата на советската војска со цел запирање на протестите, во Баку загинаа 150 цивили меѓу кои беа и жени и деца, а беа ранети многу граѓани. Еден од сведоците на тој кобен 20 јануари, кој на тој ден беше на Плоштадот Аздалик е Азербеџанецот Назим Елекберов (57), кој во разговор за АА се присети на тој настан пред 26 години.
Елекберов вели дека настаните од 20 јануари се првите чекори на Азербејџанците кон слободата, како и дека тој и неговите сограѓани, учествувале во народниот отпор и митинзи.
-Тенк прегази автомобил во кој се наоѓаше-
На прашањето како започна се на тој 20 јануари, Елекберов вели дека тој ден со група млади со својот автомобил тргнал кон градот, но ги пресретнале руските тенкови.
“Тенковите се движеа пред нас, во еден момент еден од нив застана и тргна кон нас. Го запрев автомобилот, децата успеаа да истрчат надвор, а јас останав во автомобилот, кој потоа го прегази тенк. Ме прегази тенкот, ги уништи моите гради, ми го искрши градниот кош и нозете, но останав жив", раскажува Елекберов и додава дека истиот тенк прегазил уште еден помал автобус во кој имало луѓе.
Додава дека ни самиот не знае како успеа да излезе од прегазениот автомобил, но сепак некако стасал до својот дом. Семејството тогаш повикало брза помош,но со оглед дека советските сили ги блокирале патиштата болничарите стасале многу доцна.
- Прегазениот автомобил на поткровјето од куќата -
Елекберов вели дека неговиот автомобил бил доказ на тогашните случувања, како и дека по секоја цена настојуваше "да не падне во рацете на Русите."
Ширум Азербејџан во сите представништва на оваа држава во светот, со пригодни церемонии се одбележува годишнината од тој 20 јануари.