Ruslan Rehimov
04 Март 2021•Ажурирај: 05 Март 2021
БАКУ (АА) - РУСЛАН РЕХИМОВ
Фасадите на некои згради во Баку, главниот град на Азербејџан, украсени се со слики и графити.
Во рамките на кампањата спроведена од Фондацијата ИДЕЈА, чиј претседател е Лејла Алиева, ќерката на претседателот Илхам Алиев, фасадите на некои згради во последните две години во различни региони на Баку се украсени со слики.

По завршувањето на цртањето на сликите, зградите што некогаш беа обични живеалишта, сега се претворија во уметнички дела. Луѓето кои минуваат покрај зградите ги гледаат со интерес.
Сликите на некои згради ги рефлектираат историските и културните карактеристики на Азербејџан, додека во некои други згради ја искажуваат имагинацијата на уметниците.
Жителите на маалата се исто така многу задоволни од трансформацијата на нивните живеалишта во уметнички дела.

Мехсети Хусеинова, жителка на едно од маалата, во изјавата за Агенција Анадолија (АА) истакна дека е многу убаво украсувањето на зградите на овој начин и дека овие слики даваат голема мотивација на луѓето кои пешачат и одат на работа.
„Има луѓе кои доаѓаат од други маала за да ги видат нашите маала. Тука се фотографираат. Им благодарам на оние што го реализираа овој проект. Многу сакам да патувам. Во странство често се среќавав со слични вакви згради. Сега исти такви има и во нашето маало“, нагласи Хусеинова.

Елшад Абдулаев, друг жител на маалото, нагласи: „Многу добра работа. Нашето маало стана уште поубаво. Секој што ќе помине тука застанува и фотографира. Остава пријатни впечатоци. Сликите се синтеза на старото и новото. Нашите традиции и историјата се рефлектираат и на зградата.“