Tutku Şenen
28 Март 2016•Ажурирај: 29 Март 2016
БАКУ (АА) – Азербејџанското министерство за одбрана денес соопшти дека двајца aзербејџански војници ги загубиле животите на границата со Eрменија, јавува Anadolu Agency (AA).
Војниците како и неодреден број ерменски воен персонал загинаа вчера при обид да ја преминат границата и да влезат во азербејџанскиот регион Казах, соопшти министерството.
Во соопштението се наведува дека од почетокот на годината на границата помеѓу Азербејџан и Ерменија загинале вкупно седум азербејџански војници.
Двете држави шест години војуваа за окупираниот Карабах во почетокот на 1990-тите години сè до прекинот на огнот во 1994 година.