Yusuf Hatip
28 Март 2016•Ажурирај: 29 Март 2016
ИСЛАМАБАД (АА) - Во самоубиствениот напад во луна-паркот во пакистанскиот град Лахоре, почина уште едно лице, по што бројот на настрадани според последните информации се искачи на 70 лица, пренесува Anadolu Agency (AA).
Како што јавуваат локалните медиуми во луна-паркот Гулшан-е-Икбал повредени се 340 лица. Од нив најмалку 25 лица се наоѓаат во животна опасност.
Во Пакистан е прогласена тридневна жалост.
Џемаатул Ахрар, група поврзана со пакистанските талибанци, ја потврди својата одговорност за овој бомбашки напад кој ја потресе пакистанската јавност.
По нападот во луна-паркот, началникот на Генералштабот на Пакистан, Рахил Шариф, синоќа имаше состанок со кризниот штаб, на кој присуствуваа високопозиционирани фунционери.