Zeynep Tüfekçi
28 Март 2016•Ажурирај: 30 Март 2016
АЛЖИР (АА) – Во хеликоптерска несреќа која минатата ноќ се случи во Алжир загинаа најмалку 12 војници а двајца се повредени, јавува Anadolu Agency (AA).
Алжирското министерство за одбрана соопшти дека воен хеликоптер МИ – 171 се срушил за време на рутинскиот лет во близина на градот Ракан во јужниот дел на земјата.
Првичните резултати од истрагата укажуваат дека најверојатна причина за падот на хеликоптерот бил технички дефект на леталото. Во изјавата се наведува дека во несреќата животот го загубиле 12 војници а двајцата преживеани се здобиле со потешки повреди.