Ali İhsan Çam
16 Декември 2017•Ажурирај: 17 Декември 2017
АЛЖИР (АА) - АЛИ ИХСАН ЏАМ - Турската агенција за меѓународна соработка и координација (ТИКА) ја реставрираше џамијата Кечиовa во Алжир која веќе половина век е симбол на независноста на Алжир и турско-алжирското пријателство, јавува Anadolu Agency (AA).
Станува збор за џамија која во главниот град на Алжир е изградена на почетокот од 16 век и која поради судирите и окупациите во текот на минатото во повеќе наврати била надвор од употреба.
Алжир беше еден од регионалните центри во периодот на османлиското владеење, а во 1830 година започна француската окупација која траеше 132 години и за време на која многу историски објекти беа срушени.
Таквата судбина се случи и на џамијата Кечиова која прво е користена како воен магацин, а потоа како дом на алжирските бискупи. Џамијата е срушена во 1844 година и на нејзино место е изградена црква која служела како главна алжирска катедрала се до 1962 година и стекнување на независноста на Алжир.
Стотици Алжирци загинаа за време на противењето на француските колонизатори кои ја срушија џамијата, а Плоштадот на шехидите пред џамијата и денес го негува сеќавањето на тие жртви.
Така џамијата стана еден од главните симболи на алжирската борба за независност, а веднаш по прогласувањето на независноста, катедралата е повторно претворена во џамија.
Објектот претпре голема штета во земјотресот 2003 година, при што четири години подоцна беше затворена.
Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, за време на официјалната посета на Алжир во 2013 година ја посети и затворената џамија и во таа прилика е договорено ТИКА да го изврши проектот на рестарвација.
Историчарот и експертот за реставрирање, Илбер Ортајли, за АА изјави дека рестарвацијата на џамијата е извршена на најдобар начин.
„Тоа е проект кој е важен за Алжир, но и за нашата историја. Се надеваме дека стариот изглед ќе го добие и дворецот Хасан Паша кој се наоѓа покрај џамијата. Им честитаме на сите кои учествуваа во рестарвацијата“, вели Ортајли.
И професот Ихсан Суреја Сирма, е задоволен со стореното и потсетува дека слични примери на повторна изградба на џамиите претворени во цркви има и во Шпанија.
Тој рече дека на џамијата и е вратен некогашниот сјај и одраз на класична османлиска архитектура.
Професорот Идрис Бостан за АА изјави дека пред седум години ја посетил џамијата Кечиова и дека таа тогаш имала изглед на катедрала и била симбол на француската колонијална власт.
„На објектот тогаш беше тешко да се препознае и најмалиот симбол на исламот. Задоволство е да се види дека џамијата го добила својот стар изглед. Тоа воедно е симбол на османлиска и алжирска култура и налседство“, рече Бостан.
Потсетувајќи дека Алжир еднаш бил едно од најодалечените места на Османлиска држава, Бостан изрази надеж дека и другите објекти ќе бидат реставрирани ќе сведочат за заедничката култура и пријателство на народот.
Координаторот на ТИКА во Алжир, Орхан Ајдин, изјави дека на џамијата не можело многу да се интервенира бидејќи се работи за објект од листата на културни наследства на УНЕСКО.
Тој изјави дека во проектот на реставрирање биле вклучени и сите ресорни институции на Алжир кои давале согласност за работата.
„Реставрацијата траеше три години и јавноста внимателно го следеше секој чекор. Тоа е симбол на независноста на Алжир и луѓето секогаш ми укажуваа на важноста на тој објект. Сите ми велеа дека со нетрпение го очекуваат отворањето на џамијата“, вели Ајдин.