Mahmut Atanur
16 Декември 2017•Ажурирај: 17 Декември 2017
ЏАКАРТА (AA) - Најмалку две лица загинаа во земјотресот со јачина од 7,3 степени по Рихтеровата скала кој во петок во полноќ го погоди островот Јава, во Индонезија, јавува Anadolu Agency (AA).
Сутопо Пурво Нугрохо, гласноговорникот на Националната канцеларија за борба против природни катастрофи, потврди дека лицата загинале при рушење на куќите.
Како што рече, се работи за 62. годишна жена и 80. годишен маж. Нугрохо истакна дека земјотресот се почувствувал во Тасикмалаја, Пангандаран и Киамис каде се уништени повеќе од 40 куќи. Материјална штета е нанесена и на 65 куќи, но и на различни институции меѓу кои и болници.
Земјотрес се почувствувал и во главниот град Џакарта, но немало човечки жртви на ова подрачје.
Метереолошката агенција на Индонезија соопшти дека земјотресот бил забележан на 43 километри југозападно од градот Тасикмалаја. Епицентарот на земјотрест е забележан на длабочина од 105 километри.