Abdel Razek Abdallah,Gülşen Topçu
14 Февруари 2017•Ажурирај: 14 Февруари 2017
АЛЖИР (AA) - Алжирецот Михриз Рабије постави нов африкански рекорд водејќи радиоемисија 51 час без прекинување, јавува Anadolu Agency (AA).
Според извештајот на Државното радио на Алжир, Рабије ја започнал радиоемисијата на француски јазик во саботата, во 6.00 часот по локално време, а ја завршил вчера во 10 часот.
Рабије во текот на тој временски период, без пауза говорел на различни теми. На овој начин го собори рекордот на Мароканецот Имад ел-Кутби од 2007 година, кој говореше без прекин 50 часа.
Светскиот рекорд во најдолга радиопрограма го држи Белгиецот Петер ван де Веира, кој во 2012 година постави нов светски рекорд за најдолга радиоемисија којашто траеше осум дена и седум ноќи, односно 185 часа.