Ekipa
14 Февруари 2017•Ажурирај: 14 Февруари 2017
ПЕКИНГ (АА) - Најмалку осум лица загинаа, а тројца се водат за исчезнати во експлозија во рудник за јаглен во централна Кина, пренесува Anadolu Agency (AA).
Кинеските власти соопштија дека при експлозијата, која се случила во рудникот Оубао во провинцијата Хунан околу 1:30 часот по локално време, успеале да избегаат 18 лица.
Причината за експлозијата сè уште не е утврдена, но се смета дека на местото на настанот имало голема концентрација на запалив гас.
Кина е најголемиот производител и потрошувач на јаглен во светот, а несреќите во рудниците се чести, главно поради непочитување на правилата и прописите.