ПЕКИНГ (АА) – Според мапата којашто Кина ја претстави пред Обединетите нации (ОН) во 2009 година, обележана со 9 испрекинати линии, над 80% од Јужното Кинеско Море ѝ припаѓа на Кина. Воените објекти што се градат ги зголемуваат тензиите во регионот, јавува Anadolu Agency (AA).
Јужното Кинеско Море, кое се протега меѓу бреговите на Филипините, Малезија, Брунеите и Индонезија, го сочинуваат стотици мали и големи острови, како и гребени и плитки води. Државите од регионот ги идентификуваат континенталните гребени како „специјална економска зона“ и се обидуваат богатите подземни ресурси и изворите на риболов да ги стават во своите граници.
Горенаведените држави, тврдејќи дека имаат право на различни острови или островчиња во Јужното Кинеско Море, се натпреваруваат во вооружување. Иако не се регионална држава и САД се присутни со своите воени бродови во рамките на слободната навигација.

- „Мировни“ активности на Кина во Јужното Кинеско Море -
Со објавената мапа од 1947 година, Кина тврди дека има право на над 80% од територијата од околу вкупно 3 милиони квадратни километри. Кина изгради воени објекти на неколку острови за кои тврди дека ѝ припаѓаат, а има изградено и аеродром и писта за авиони на четири острови од кои три се вештачки, а еден е природен.
Меѓу островите за кои Кина тврди дека се нејзина сопственост се островската група Парацелски острови и Спретли острови. Во рамките на островската група Спретли се наоѓаат вештачките острови, односно гребените Суби, Фајрли Крос, Мисчиф, а во група Парацелски острови се наоѓа вештачкиот остров Муди. Кина тврди дека своето право на одбрана го користи во согласност со меѓународното право.
Од 2012 година па наваму, раководството на Пекинг ги држи под контрола плитките води Скарборо (Хуангјендао), а ова го отвора патот до чести тензии меѓу Филипините и Кина. Сепак, по посетата на филипинскиот претседател Родриго Дутерте на Кина минатата година, која беше оценета како успешна, меѓу двете држави завладеја смиреност наместо тензија.
Весникот „Саут Чајна морнинг пост“, во јуни минатата година објави вест којашто се темели на овластено лице од Народно-ослободителната кинеска армија, дека раководството на Пекинг ќе гради аеродром на Скарборо.
Доколку Кина го милитаризира островот Скарборски Гребен, ќе има можност да контролира три страни од трговската линија по која има проток од 5 трилиони долари годишно. При вселенско набљудување на милитализираните острови, може да се види дека раководството на Пекинг прави напори за да формира воен триаголник во областа.
Иницијативата за азиско поморство и транспарентност, чијшто центар се наоѓа во Вашингтон, објави сателитски фотографии од позиционирањето на системот за воздушна одбрана против авионите и проектилите на некои од островите.
Се тврди дека станува збор за ракетниот систем HQ-9 (Хонг чи – Црвено знаме), кој има долг дострел. Министерството за надворешни работи на Кина не ги негираше овие активности, при што забележа дека според меѓународното право, во рамките на суверенитетот на државата, своето право на одбрана во регионот го користи „ограничено“.
- Зона на воздушна одбрана во Јужното Кинеско Море -
Минатата година Кина соопшти дека ќе прогласи Зона на воздушна одбрана и идентификација (АДИЗ) во Јужното Кинеско Море. Благодарение на ова, државата ќе има можност за следење и контрола од море и од воздух на трговската линија по која се остварува промет од 5 трилиони долари годишно.
АДИЗ на државите им овозможува морска и воздушна контрола, следење и преглед на морето преку морските, воздушните и копнените граници. Меѓутоа, раководството на Пекинг сѐ уште го нема нема објавено АДИЗ – регион.
- Тензиите меѓу САД и Кина во Јужното Кинеско Море -
Наспроти тврдењата на Кина за правата врз Јужното Кинеско Море, САД дава сигнали дека ќе го зголеми военото присуство во областа.
Воените бродови на САД, кои се во рамките на 7. флота во Јапонија, прават вежби и патроли во Јужното Кинеско Море. Воените бродови кои се дел од 3. флота во Сан Диего, минатата година, периодично, под изговор за слобода на навигација, вршеше патролирање во Јужното Кинеско Море. На 25 декември, водениот ракетен разорувач „УСС Декатур“ којшто патролираше во морето, предизвика реакција од страна на Кина.
Кина со внимание ги следи воените активности на САД во регионот, а во кинеската морнарица на Јужното Кинеско Море има 26 подморници, од кои 6 се со нуклеарно полнење и над 90 бродови на морнарицата со различни карактеристики.
Од друга страна, тензиите во врска со Јужното Кинеско Море меѓу двете држави почнаа да растат по избирањето на Доналд Трамп за претседател на САД.
Во текст објавен на интернет-страницата на Кинеската народно-ослободителна армија се вели: „Некои американски политичари, продолжувањето на својата позиција на светски лидер ја поврзуваат со евентуална борба во Кина и во Азиско-пацифичкиот регион, меѓутоа оваа игра е крајно опасна и нелогична. Не сакаме војна, но, ако некој чукне на вратата на Кина, тогаш не се плашиме од војна“.
Министерот за надворешни работи на САД, Рекс Тилерсон, во изјава минатиот месец рече: „Не можеме да го спречиме пристапот на Кина до Јужното Кинеско Море“.
- Градежните активности на Виетнам -
Во островската група Спретли, Виетнам на гребенот Лад има изградено авионски писти.
Виетнамските власти не дадоа изјава во врска со градежните активности, а експертите стојат зад тоа дека раководството на Ханој гради воени објекти на островот.
Министерството за надворешни работи на Кина, во врска со овие активности упати апел до Виетнам, да го почитува правото на суверинитет на Кина, и да ги прекине нелегалните окупации и градежните активности.
Центарот за стратегија и меѓународни студии (ЦСИС) соопшти дека минатата година Виетнам направи дополнителни активности на авионската писта во гребенот Лад.
Иницијативата за Азиско поморство и транспарентност, пак, објави дека пополнувајќи го Јужното Кинеско Море, Виетнам прави вештачки острови, и оти во последните неколку години пополнил простор од 23 хектари.
Кинеското Министерство за надворешни работи, нагласувајќи го ставот против активностите на Виетнам, упати повик државата да прекине со продолжувањето на авионските писти, како и да го почитува правото на суверинитет на Кина. Иницијативата за Азиско поморство и транспарентност во својот извештај исто така пренесува дека Виетнам поставува ракетни и проектилни системи на островите што ги контролира, за да ги нападне воените објекти што Кина ги гради на вештачките острови.
Експертите тврдат дека трикилометарска писта ќе биде доволна за слетување и полетување како на цивилни, така и на воени авиони.