Mustafa Melih Ahıshalı
06 Декември 2016•Ажурирај: 06 Декември 2016
ТЕХЕРАН (АА) - Во хеликоптерската несреќа што се случи денес во Иран, загина пилотот, а спасени се осум патници, пренесува Anadolu Agency (AA).
Новинската агенција Азад (ANA) јави дека потпретседателот на Црвената полумесечина на Иран, Муртаз Мурадипур, изјавил дека хеликоптер на Иранската агенција за хеликоптерска поддршка и обнова (IHSRC) паднал во езерото Читгар, на западниот дел на Техеран.
Мурадипур истакна дека од водата се извлечени преживеаните патници. Сѐ уште не е позната причината за падот на авионот.