Aydoğan Kalabalık
06 Декември 2016•Ажурирај: 06 Декември 2016
КАИРО (АА) - Во Египет е разбиена 45-члена криминална организација што спроведувала меѓународна трговија со човечки органи.
Египетската служба за административна контрола даде писмена изјава во која се вели дека е спроведена акција против криминална банда што се занимавала со трговија со човечки органи на меѓународно ниво. Членови на групата биле египетски државјани, но и државјани од други арапски земји.
Во образложението се вели: „Членовите на бандата ги искористуваат економските проблеми на луѓето и за незначителна сума пари купуваат човечки органи што потоа за многу високи суми ги продаваат на пазарот за органи“.
Во истрагата спроведена во центрите во кои оваа 45-члена банда, составена од универзитетски професори, доктори, медицински персонал, сопственикот на клиниката и посредниците за продажба на органи, пронајдени се милиони американски долари и египетски фунти.
Од друга страна, портпаролот на египетското Министерство за здравство, Халид Муџахид во врска со темата одржа прес-конференција на која соопшти дека акцијата е спроведена од страна на службата за административна контрола, во координација со Управата за специјален третман од Гиза, кој е дел од Министерството за здравство на Египет.
Јавниот правобранител на Египет, Небил Садик соопшти дека е започната истрага за осомничените.